Промени тема
Контакт

Мицкоски го кани судијата Наумоф: Дојдете, сакаат да ни го сменат името, ја уништија економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickoski1

Лидерот на обозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во свое лично име и во името на партијата, му го честиташе изборот за судија на Фил Наумоф посакувајќи му успех и просперитет, како на професионален така и на приватен план.

„Во оваа пригода, би сакал да ја истакнам мојата особена гордост што еден Македонец се изборил со професионалните предизвици во компетитивно општество какво што е американското.

Би сакал лично да упатам покана до Вас, да ја посетите нашата држава. Сигурен сум дека имаме заеднички теми за кои што би разговарале и сфери од заемен интерес, кои што би можеле во иднина заеднички да ги истражуваме и реализираме

— реклама —

Денес Република Македонија се наоѓа на крстосница од која зависи нејзината иднина. Имаме моментум каде неодговорни политичари напаѓаат врз достоинството и честа на нашата држава, име кое сакаат да се смени, економија која се уништува, образовен систем во кој не се инвестира, здравство кое се уништува, култура која се запоставува.

Нашиот концепт, концептот на ВМРО-ДПМНЕ е да ја развиваме Македонија како земја на среќни граѓани, Македонија земја со силна економија, интегрирана и рамноправна со другите европски држави и народи.

Посакувајќи Ви добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам, почитуван Судија, изразите на моето највисоко почитување“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

— реклама —

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1102786459896812?__xts__[0]=68.ARABPy9d39Y1lkxM68WN-pnzxPWJzwzZS9xTME77NaKOAqjSsY4bdi07SJNxeb6S2qt-XbvAtHlz5hDkoeAwc877PDztanN7cwkicdda1kE2_zMlIOuqaHaLCt7aFB26Uvb3L3YBwpHMVdZ9qDwlMxD2NRFR6DtpgkZoNpKPaC0R2Kh3TWnf07GMVwfUmTg0ALZ726aXvlznhffMtJSbcBeVOVu2pWBaVKncjKpI-LKvwsXL6_9jfPLeDZPSbc8iOkzF7xQEt9cT54ICpRrb3aFC8zAQZPIlZWTtTJAS6dZo5GbGRhRW7StrMEsVImF4ccJCmo5QaJSX8Tj9juf2RY7YRJCWRmvdSz352so_g-K9jiOMkp8&__tn__=-R

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања