Промени тема
Контакт

Мицкоски го негира македонскиот јазик, лаже дека е кодификуван 1977, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
6

Христијан Мицкоски го негира македонскиот јазик, гостува по странски телевизии и шири срамни тврдења дека нашиот македонски јазик бил кодификуван во 1977 година, вели СДСМ.

— реклама —

„Но, срамота е за Мицкоски, срамота е за еден македонски политичар да не знае кога е кодификуван неговиот мајчин јазик.

— реклама —

Наспроти ваквите срамни тврдења на Мицкоски дека македонксиот јазик е кодификуван во 1977 година, секој македонски граѓанин знае дека Кодификацијата на Македонскиот јазик се случила и многу порано и дека е поврзана со Решението на Првото заседание на АСНОМ од 2 август 1944 за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава, со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука и со официјалното усвојување на македонскиот правопис - 7 јуни 1945 година.

Затоа и Владата предводена од СДСМ го усвои 5 мај за Ден на македонскиот јазик, на денот кога е усвоена македонската азбука.

— реклама —

При вакви историски факти, да се тврди дека македонскиот јазик е кодификуван дури во 1977 година е нанесување директна штета на македонските национални интереси.

— реклама —

Мицкоски треба да си ги научи корените а се до тогаш да престане да оди по странски телевизии и да се брука себеси и граѓаните тврдејќи дека македонскиот јазик бил кодификуван 1977 година“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања