Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Мицкоски го објави меѓународниот договор за примирје каде Бугарија стои дека е фашистички окупатор и треба да плаќа воени репарации, гарантор е САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своеото гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 го објави меѓународниот договор за примирје каде Бугарија стои како фашистички окупатор.

— реклама —

„Заев вчера кажа за бугарски медиум дека Бугарите не биле окупатори и не биле соработници на фашистите, туку биле ослободители и административци и ги ослободиле Крива Паланка, Куманово итн. А, ова пред мене што го гледате е договор за мир кој што е постигнат во 1947 година и е заведен во Обединтетите Нации, кој што сојузниците го имаат потпишано со Бугарија. Од името на сојузниците тој документ е преведен на неколку јазици, меѓу кој и на бугарски јазик. Уште на самиот почеток во документот вели сојузниците СССР, Обединетото Кралство, САД итн. потпишаа договор со Бугарија т.е. другата страна каде што Бугарија во превод е претставена како сојузник на Хитлерова Германија“, истакна Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски додаде дека во документот во членот 4 пишува дека Бугари во согласност со истиот мировен договор се има обврзано да преземе мерки со кои што ќе ги распушти и ќе ги реши сите организации од фашистички тип на бугарската територија. Без разлика дали се политички, воени, паравоени.

— реклама —

„Во членот 21 од договорот Бугарија е обврзана да плаќа репарација затоа што окупирала територии од поранешна Југославија. Се подразбира на денешна Македонија. И конечно на крај овој договор кој што има 30-тина страни е потпишан од сите кои што учествуваат во неговото креирање. Кои се тие? Еве, од името на СССР, од име на Обединетото Кралство, од името на САД, Австралија итн.“, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски посочи дека тоа се факти, за тоа веќе не треба да се говори и преговара.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања