Промени тема
Контакт

Мицкоски го одби уште непрочитан предлогот на француското претседателство, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski17062022

Деструктивното однесување на Христијан Мицкоски во однос на евроинтеграциите и прашањето со Бугарија се коси со секоја логика, вели СДСМ

„Мицкоски го одби уште непрочитан предлогот на француското претседателство за отпочнување на преговорите со ЕУ.

— реклама —

Во предлогот е јасно наведено дека имаме чист македонски јазик, дека идентитетските прашања се заштитени, а историските прашања се надвор од преговарачкиот процес.

— реклама —

Истиот тој Мицкоки пред само некој месец премолчено се сложи на Резолуција на Европската народна партија каде беа содржани сите бугарски барања, а Резолуцијата беше усвоена на конгрес каде Мицкоски беше и лично присутен.

Сето ова само покажува дека Мицкоски ниту има ниту имал ниту ќе има чувство за државност и за политичка одговорност во важни процеси.

— реклама —

Неговата цел никогаш не била државата ниту иднината на граѓаните. Неговата цел никогаш не бил македонскиот идентитет, македонскиот интерес.

— реклама —

Мицкоски само сака да предизвика некоја штета, ако може да за закочи државата, да доживее некаков неуспех, да биде заглавена, а тој некако да успее политички да профитира од сето тоа.

Сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа и токму процесот на широки консултации ќе ги демантира и лажните наводи што Мицкоски ги изнесува во последните неколку денови“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања