Христијан Мицкоски посочува дека не знае кој го советува премиерот, ама советите се погрешни. Заклучокот го извлекол откако видел дека советниците му кажале да се фали со зголемен број на социјални случаи. Стратегијата, според Мицкоски е погрешна.
„Тие немаат друга тема која ќе ја зборуват. Сиромаштија, крадат во енергетиката, прават тендери во четири очи, многу се краде, многу се краде, поради дојавите за бомбите децата не можат да следат настава, нема сегмент каде можат да кажат дека има напредок. И ајде сега што ќе правиме - ќе збориме за ланскиот снег. Нема што да променам и да додадам на тоа“, кажа Мицкоски за обвинувањата дека се договарал со странците да гласа за уствани промени во замена за власт.
Алармантна е ситуацијата во државата и економијата, посочува Мицкоски, кој вели дека состојбата нема да биде добра.