Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: Годината што следи ќе донесе промени на подобро, следува економски бум, неправдите ќе бидат поразени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski-3

Пред Новата година се потсетуваме на минатото. Моја голема желба отсекогаш беше да можам да направам нешто за мојата земја, за мојот народ  да е весел и радосен. Затоа што среќата на луѓето е најважна.

Она што денес го гледаме е далеку од моите, и од вашите желби. Се повеќе тага на лицата, се помалку насмевки. Среќата ја совладуваат неправди, сеприсутната корупција ја разградува радоста, има црнила на секој чекор, измамите владеат. Животот стана руина.

— реклама —

Новата година е и инспирација. Момент на топлина, визија, позитивен амбиент и голем елан. За желбите да станат стварност треба да се бориме, но  и да веруваме. Јас ќе се борам до крај, бидејќи верувам во идеалот на обновата.

Верувам дека вие и вашите деца треба да сте среќни, да имате добар стандард, стабилност, напредок, правдата да царува, а државата да се грижи за вас. Тоа е обновата. Тоа го посакувам. И тоа ќе го остварам, заедно со вас и пред се за вас, за мојот народ.

— реклама —

Годината што следи ќе донесе промени на подобро, следува економски бум, неправдите ќе бидат поразени, а Европа ќе влезе во Македонија во вистинска смисла на зборот. Принципите ќе важат за сите.

Следува победа на идеалот за обновата!

Со добри мисли и уште подобри намери, како еден од вас, ништо повеќе и ништо помалку од тоа, како човек, како ваш пријател, сосед, колега, познаник, сонародник, сограѓанин, ве повикувам да уживате во новата година и успесите кои сите заедно ќе ги оствариме и донесеме.

А пред се ви посакувам топол дом, многу убави мисли и прегратки, уште повеќе здравје, бериќет и љубов за секој еден од вас.

Нека е среќна, весела и радосна новата 2020 година.

 

 Со почит,

проф. д-р Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања