Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Мицкоски: Градоначалникот на општина Петровец е пример кој што треба да го следат и сите други

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
dsc006

Денеска сме овдека на еден навистина прекрасен момент кога се гледа како се вложува во иднината и развојот на една општина. Градоначалникот на општина Петровец е пример кој што треба да го следат и сите оние други неуспешни градоначалници коишто се во Република Македонија се разбира. Денеска жителите на овие населени места во општина Петровец добија навистина пристојни услови за функционирање, услови коишто се навистина идеални, се разбира идеалното колку што може да се биде во денешно време во Република Македонија, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Средствата кои што се обезбедени како што кажа и градоначалникот, се обезбедени од ИП фондовите и истите се наменски искористени за овие проекти на кои што денеска присуствуваме.

Јас би посакал и во иднина на истите оние градоначалници кои што денеска гледаме како му слугуваат на деспотот Заев да го следат овој пример и конечно наместо мудрување и правење работи кои што навистина повеќе личат на реално шоу отколку на вистинско работење на градоначалник, да го следат примерот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и така да продолжат да работат, да инвестираат во развојот на нивните општини, а на тој начин ќе инвестираат и во развојот на Република Македонија, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања