Промени тема
Контакт

Мицкоски и коалицијата со став за Македонија и разговорите со Бугарија: Имаме право на европска иднина и почитување на македонскиот идентитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
slika-3-1

Став на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, водејќи се од државните и националните интереси на македонскиот народ и македонските граѓани, истакна на денешната прес конференција од пред Владата претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски во обраќањето истакна:

Имајќи ја во предвид стратешката определба на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и останатите за интеграција на Македонија во ЕУ, предизвикани од неспособноста на актуелната власт да ги реализира националните интереси и стратешките определби и свесни за значајноста на историскиот моментум наспроти тајноста, нетранспарентноста на процесот кој што води актуелната Влада и исклучувањето од истиот на сите политички и научни фактори, Коалицијата „За обнова на Македонија“ на заедничкиот состанок одржан на 16 –ти ноември 2020-тата година во Скопје донесе заклучок и ги усвои следниве ставови:

1. Коалицијата цврсто стои на уставната одредба за антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба, и остро се спротивставува на промените на Уставот кои значат негирање на антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба!

— реклама —

2. За коалицијата - македонскиот јазик, неговите историски корени и антропологија, како и неговата признаеност се неспорен историски факт кој е потврден и признат од целокупната светска научна јавност и околу овој факт нема дискусија.

3. Коалицијата инсистира на признавање и почитување на македонското малцинство и неговите европски загарантирани права, а кое опстојува кај нашиот источен сосед и чие постоење е потврдено од страна на европски надлежни правни институции, како што е Судот за човекови права во Стразбур. Воедно го повикуваме источниот сосед да ги почитува одлуките донесени од овој суд, а кои се однесуваат на правата на македонското малцинство во Бугарија.

4. Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност. И се спротивставува на вештачката промена на улогата и карактерот на националните херои кои се бореле за слободна и независна македонска држава.

5. Коалицијата енергично потенцира дека македонскиот идентитет е неспорен и засебен, и има свој посебен историски, правен политички и културолошки развој. Кон овој став едногласно се придружуваат и припадниците на партиите од коалицијата кои што ги преставуваат етничките заедници кои се различни од македонскиот народ.

На средбата се истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како наследник на историската организација ВМРО има историска одговорност и обврска да ги штити, зачува и промовира сите идентитетски обележја на македонскиот народ и да се бори за нашата заедничка европска иднина. Сите останати партии од Коалицијата „За обнова на Македонија“ се придружија и цврсто го поддржаа овој став.

— реклама —

Коалицијата „За обнова на Македонија“ ја предупредува актуелната власт да не тргува со националните интереси, да не ги руши темелите врз кои е изградена модерна македонска држава, а кои се создавани од генерации, и да овозможи транспарентност и инклузивност на сите партнери во овој процес и изградба на национален консензус за ова прашање. Во спротивно ќе се соочи со судот на народот, историјата и правдата.

Врз основа на горенаведеното и цврсто опстојувајќи на истото Коалицијата „За обнова на Македонија“ ја повикува Република Бугарија да не ја блокира европската иднина на Македонија, туку напротив да ја поддржи истата и на тој начин да покаже вистинско пријателство помеѓу граѓаните на двете држави.

Коалицијата „За обнова на Македонија“ апелира до пријателите и сојузници од Европската Унија, европската јавност и политичари да се вложат во отворање на пристапни преговори за членство во Европската Унија на Македонија и да им овозможат на македонските граѓани од сите етникуми да ја добијат европската перспектива и иднина кои што одамна ја заслужија со повеќедецениски дела и залагања, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања