Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ двојно загубија на изборите, имаат и драстичен пад на гласовите во Тетово, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
300603189_489421883187232_6486486654195769619_n

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ загубија двојно на вонредните локални избори, вели СДСМ

„Во две општини имаше локални избори за градоначалник и во двете општини ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл.

— реклама —

Кандидатот на СДСМ и европската коалиција убедливо победи во Маврово Ростуше над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, со разлика од 1.300 гласа.

— реклама —

Во Центар Жупа ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл, затоа што сакаше да пропаднат изборите. Сепак, победи кандидатот на владејачката коалиција со освоени над 3.000 гласови.

Во третата општина каде што се спроведуваа избори за советот, Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има континуиран и драстичен пад на гласовите од минатите избори а бројот на советници во советот на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ останува непроменет.

— реклама —

Во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ освоила 5.903 гласови, во 2021 4.052 а на вчерашните вонредни локални избори едвај 3.000 гласови.

— реклама —

Нивниот коалициски партнер Левица исто така доживеа дебакл.

Граѓаните им пратија јасна порака, не сакаат деструкции, блокади, анти европски и криминални ликови во политиката“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања