Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги верглаат истите стари фрази и празни зборови, вели Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Соочени со нов политички пораз Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги верглаат истите стари фрази и празни зборови. Нови „ќе“ моменти само за членовите на ВМРО-ДПМНЕ и спас на партиската фотелја на Мицкоски во Белата палата, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник н СДСМ

„И пред една година за изборот на Владата на премиерот Димитар Ковачевски ВМРО-ДПМНЕ велеше дека нема да испорача резултат и дека владата ќе траела кратко, само што не се случиле предвремени избори.

После една година, резултатот на Владата на Ковачевски е првиот и најголем пораз за ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во време на најголема глобална енергетска и економска криза, владата не само што испорача резултат, туку со владините антикризни мерки ја спаси економијата.

Имаме рекордно зголемување на домашното производство на струја за 40%, за прв пат после 70 години се вклучени сите капацитети, нема рестрикции, нема поскапување на струјата, има доволно и храна, греење, нафта, гас.

— реклама —

Најголем пакет во регионот од 760 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите реализиравме и може да кажеме дека никој не беше оставен сам во оваа криза.

Не дозволивме струјата да поскапи оваа година а обезбедивме поволни сметки за училиштата, болниците, јавните установи.

Со зелената транзиција во енергетиката оваа година се инсталирани 150 мегавати зелена енергија од обновливи извори.

— реклама —

Минималната плата во време на криза ја покачивме, просечната плата исто така, пензиите ги покачивме. Се тоа во време на најголема криза и во време на блокади на ВМРО-ДПМНЕ.

После 17 години чекање започнавме преговори за членство во Европската унија со заштитен македонски идентитет.

— реклама —

Две и пол години Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за предвремени избори и ново парламентарно мнозинство и тоа е уште еден политички пораз на Мицкоски.

Како заложници на Левица, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се единствените против европскиот пат на земјата.

Уште долго време Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе останат во опозицијата, осамени и во малцинство во Собранието“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања