Промени тема
Контакт

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираа лажни вести и ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, вели Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Пропаднаа сите лаги што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираа во јавноста, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираа невистини, лажни вести преку кои дома ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, а надвор ги поткопуваа државните позиции.

— реклама —

Лажеше Мицкоски и за наводна распродажба на идентитетот, на историјата и македонскиот јазик.

Тоа е неодговорно, незрело и антидржавно однесување во клучни моменти за земјата и го покажува вистинското лице на оваа партија.

— реклама —

Откако сите нивни лаги пропаднаа, најмалку што можат да сторат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е да им се извинат на граѓаните.

— реклама —

Крајно време е Мицкоски да се промени и да застанат на страната на државата, на граѓаните, да ги поддржи државните позиции во односите со Бугарија наместо да ги поткопуваат.

Тоа, впрочем се позиции кои се темелат на црвените линии од Резолуцијата на Собранието за која гласаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Мицкоски конечно да почне да работи за интересите на граѓаните и државата, наместо за интересите на некои туѓи центри на моќ.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски ќе продолжи да ги брани државните позиции и национални интереси, без разлика на тоа како ќе постапуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања