Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ трупаат нови долгови за граѓаните, Прилеп се задолжува, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski-27.05.2022

Наместо проекти и решенија за развој, градоначалниците и советничките групи од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините и трупаат нови долгови за граѓаните, вели СДСМ

— реклама —

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во општина Прилеп се подготвува да издаде обврзница, во вредност од милиони евра за изградба на кружен тек, откако удри по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги, водата и паркингот.

Претходно градоначалникот на Гази Баба ја задолжува општината со обврзница од пет милионои евра, а неговиот пример го следеше општина Бутел, со обврзница од два милиони евра.

— реклама —

Постапка за издавање обврзница спроведе и општина Аеродром, а обид имаше и општина Штип.

— реклама —

Гевгелија, Охрид, Битола, Штип и Радовиш се дел од општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ кои драстично ги зголемија цените на комуналните услуги.

Прекинати проекти, партизација, задолжување на општините и долгови за граѓаните, се одлика на работењето на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Локалната власт предводена од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се покажа како најнеспособна во историјата на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања