Последните случувања во врска со случајот „Рекет“ не треба да имаат последици врз европерспективите на земјава, смета евроамбасадорот Самуел Жбогар. Напротив, како што вели, активностите што ги презема Јавното обвинителство претставуваат функционирање на владеењето на правото.
„Сметам дека она што моментално го презема Јавното обвинителство е демонстрација на функционално владеење на правото. Самиот факт дека ЈО почнува да работи на случаи на корупција, а не само СЈО, покажува дека има напредок и тоа е добро“, изјави Жбогар.
Во изминатите неколку години, како што посочи, СЈО навистина напорно работеше и заврши многу добра работа, работеше на градење судска пракса за случаите на корупција и многу добро ги проследи кривичните дела кои произлегоа од прислушуваните разговори.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и вчера потврди дека не планира да седнува на иста маса со Заев и нагласи оти СЈО е завршена работа.
Со Заев можам да разговарам само за предвремени избори. Тој и неговите се заглавени до гуша во криминал. Последниот случај ‘рекет’ е класичен пример како работи спрегата меѓу СЈО и Заев, со уцени, изнуда, рекетирање. Очекувам Обвинителството да се ослободи од стегите и да ја заврши истрагата за случајот кој ќе води до врхушката на СДСМ. Додека тоа не се случи, беспредметно е воопшто да разговараме за демократски и реформски процеси“, вели Мицкоски во изјавата за „Независен“.
„Мицкоски нека одговори дали имал средба со еден од притворените во позната скопска дискотека и во седиштето на партијата? Дали посегнал по парите на еден од обвинетите од случаите на СЈО?“, прашуваат на „Бихаќска“.
Целиот текст прочитајте го тука.