Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Мицкоски: Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега се борат да ја блокираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library7l24m9cdp4rl3GeJXza

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека опозицијата се обидува да го блокира Изборниот законик и реформските процеси, оценувајќи дека таквите потези се насочени против европската перспектива на државата.

Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски истакна дека, според него, одредени политички структури се обидуваат да го попречат напредокот на Македонија, но изрази уверување дека земјата и натаму ќе продолжи со реформите и ќе обезбеди средства од европските фондови.

— реклама —

Тој наведе дека предложениот Изборен законик бил подолг период усогласуван со опозицијата и дека во него биле прифатени сите нивни предлози, освен прашањето за електронско гласање на дијаспората.

— реклама —

„Единственото нешто што го побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија, а денес го блокираат“, напиша Мицкоски.

— реклама —
— реклама —

Премиерот ја повика опозицијата да предложи амандмани за прашањата поврзани со начинот на заокружување и поднесувањето приговори, посочувајќи дека тие би биле прифатени, со цел Изборниот законик да биде донесен.

Мицкоски оцени дека електронското гласање на дијаспората е важно за нејзиното учество во изборните процеси и порача дека опозицијата има можност да покаже вистинска поддршка за европската иднина на државата преку спроведување на реформите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhk49169gjo49gDjC6W

Мицкоски: Создаваме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
lence-press

Откако премиерот Мицкоски ја нарекол Ленче Ристоска „медиокритет“, Советот на јавни обвинители отвори постапка

Македонија | пред 5 месеци

media-library179b9vas9u5h16Z0RF0

Мицкоски: „Бугарите во устав не е единственото барање, туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет“

Македонија | пред 5 месеци

media-librarym5j03b45n1r4dJrK9h0

Премиерот Мицкоски заедно со семејството на бадниковата вечера: „Паричката од бадниковото лепче се падна кај мене“ - изјави Мицкоски

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања