Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Мицкоски ја ниша фотелјата на Јанева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
36103397_303

— реклама —

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, покрај досегашните обвинувања за работата на СЈО, вчера изјави дека има и други индиции. Јанева тврди дека СЈО ја потврдило довербата.

— реклама —

Надлежноста на СЈО и опстанокот на неговиот тим вчера беа една од клучните теми во три тв-интервјуа: со премиерот Заев на „Канал 5“, со Мицкоски на „Сител“ и со Јанева на „1 ТВ“.

„Ќе бараме Комисија составена од членови на политички партии да направи комплетна ревизија на работењето на СЈО“, порача синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој уште еднаш ги објасни неговите оценки дадени по лидерската средба со Заев, дека ВМРО-ДПМНЕ „има сериозни индиции дека во СЈО не се работело по закон“.

„Дваесет милиони евра пари на даночните обврзници се потрошени, а резултатите се катастрофални. Да истражиме дали овие индиции се точни“, потенцираше Мицкоски.

Говорејќи за финансиските средства со кои располага СЈО, обвинителката Катица Јанева на „1 ТВ“ изјави дека со исклучок на почетокот кога се формирала институцијата, вообичаено трошeле околу 70 отсто од доделените средства, а таков бил и трендот за тековната година.

Präsident der VMRO-DPMNE-Partei Hristijan Mickoski (mitte) (Press service of the Government of Republic of Macedonia)

Мицкоски: Имам индиции

Но, обвинувањата на Мицкоски не се однесуваат само на начинот на кој се користел буџетот на СЈО.

„Јас имам индиции и дека близок роднина на специјалната јавна обвинителка е дел од менаџментот на една телевизија и дека се користи нејзината позиција во комуникација со потенцијални спонзори на таа телевизија“, обвини Мицкоски.

Јавноста не доби одговор од Јанева за ваквите обвинувања, бидејќи во синоќешното тв-интервју изостана прашање на таа тема.

Но, веќе е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ на овие тези ќе ги гради преговарачките позиции при усогласувањето на решенијата во предлог-законот за Јавното обвинителство, со кој се уредува и надлежноста на СЈО во рамките на редовното Обвинителство. Мицкоски во неколку наврати изјави дека Јанева „го загубила комплетниот професионален кредибилитет за да ја добие опозициската поддршка, вклучително и нејзиниот тим“. Засега тој не ја открива аргументацијата за ваквото тврдење, а партиски извори неофицијално најавуваат дека „ќе дојде време и за тоа“.

Премиерот Заев вчера потврди дека на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имале различни ставови во однос на обвинителката Јанева и нејзиниот тим.

Mazedonien Anklage der Sonderstaatsanwältin Katica Janeva (DW/P. Stojanovski)

„Јас сум поддржувач на тимот на СЈО, затоа што јавно учествувавме во селекцијата на обвинителите во 2015 година, и власта и опозицијата. И навистина оваа институција покажа капацитет, а тоа го препознаа како дома, така и странците кои ни помагаат во правосудниот систем“, рече Заев, додавајќи дека СЈО долг период било искра надеж на враќање на правната држава.

Тој најави дека oчекува квалитетно законско решение за СЈО во кое сите ќе веруваат.

Работни групи ќе го пеглаат законот

Според сегашното решение, мандатот на Јанева истекува на 15 септември годинава. Таа е уверена дека аргументите и резултатите се на страна на СЈО и дека по усвојувањето на законот за јавното обвинителство и натаму ќе остане на чело на институцијата, под какви било услови, бидејќи се смета за професионалец. Апелираше до пратениците да го препознаат моментот и да гласаат за донесување на законот, посочувајќи го како важен предуслов за влез во ЕУ и НАТО.

Каква ќе биде последната верзија на законскиот предлог ќе зависи од учинокот на работните групи на власта и опозицијата. Три дена по лидерската средба, Мицкоски вчера соопшти дека од нивна страна била утврдена работна група, но изрази разочараност што нивната работа ќе биде посветена само на две законски решенија - за законот за Јавното обвинителство и за Агенцијата за национална безбедност.

„Повеќе сакав да разговараме околу структурните реформи за иднината на земјата во други области како економијата, образованието и здравството, но очигледно Владата не ги напушта тие стари навики да обезбеди некакво законско решение со кое би можела да врши и во иднина политички притисок врз неистомислениците или пак да врши определни активности кои може да компромитираат и контаминираат политички неистомисленици. Ние позитивно одговоривме и номиниравме наши претставници и очекувам дека во најскоро време ќе отвори дијалог по овие две теми“, изјави Мицкоски.

 

DW.COM

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања