„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Мицкоски ќе направи се за да пропадне договорот од Преспа и уставните измени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

„Ќе сторам се за да пропадне овој договор. Ќе сторам се за да го вратиме назад она што се продава. Сите заедно, со сигурност можеме да ја промениме оваа власт. Не викам дека ќе успеам, ќе се обидам. Се почна со насилен избор на претседател на Собранието. Тие дадоа гаранции дека нема да менуваат име и идентитет. Тие не победија на изборите. Луѓе заглавија во затвор поради 27 април. Но, она што за нив беше мака за цел живот, за власта беше пазарење. Удирајте посилно по Христијан и ВМРО-ДПМНЕ. Седнати во скутот на Заев ќе морате да ги вршите неговите валкани работи. Оние кои му слугуваа на Заев, ги разбирам оти се притиснати, се срамат и поплукуваат се за да истргуваат. Тешко ми е кога ги гледам во таа улога. Удирајте, јас можам да издржам повеќе од тоа што мислите. Само не заборавајте на кого му слугувате. На Зоран Заев. Знам дека подготвуваат операции кои сакаат внатрешно да не разјадат“, кажа Мицкоски пред Собранието.

— реклама —

„Единствен политички противник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е Зоран Заев. А вие ќе бидете обични слуги кои ќе пишуваат статуси по Фејсбук“, рече Мицкоски за оние кои гласаат за уставните измени.

„Името не го менуваат оти 2 милиони народ одлучи, туку оти Заев во прва фаза собрал 80 пратеника. Гледаме сега нема, па тргува и тргува, се препелка секој ден. Нека не се затскрива зад европските институции. Не се докажува тоа преку промена на името и идентитетот, туку со работа. Не смееш да тргуваш со нешто што е наследено“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања