Промени тема
Контакт

Мицкоски ќе остане запаметен по тоа како ги рушеше државните позиции во однос на Бугарија, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
2-2

Христијан Мицкоски, со своите неодговорни и недржавнички постапки, ги поткопа, ги загрози националните позиции во однос на Бугарија, во клучни моменти, вели СДСМ

„Државниот и национален интерес на граѓаните треба да биде заеднички именител на сите одговорни политичари и политички партии во македонското општество, но јавноста сведочи дека тоа не е Христијан Мицкоски.

Тој учествувал на Конгрес на ЕПП на којшто е усвоена Резолуција којашто иако повикува на почеток на преговори со ЕУ во еден дел ги содржи ставовите на Бугарија, односно тврди дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“

— реклама —

Ова е во спротивност со Резолуцијата за македонските позиции и црвени линии, донесена во македонското Собрание и поддржана од сите партии.

И наместо да излезе пред граѓаните, да одговори зошто прифатил резолуција спротивна на македонската Резолуција, Мицкоски со денови молчи и се крие.

— реклама —

Мицкоски ќе остане запаметен по тоа како ги рушеше државните позиции во однос на Бугарија и како ги предаде македонските национални интереси.

— реклама —

Но ниту Мицкоски не може да го поништи тоа дека Република Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на преговорите со ЕУ а нивното незапочнување е само поради блокадите на Бугарија.

Дури и со одлука на Европскиот совет е потврдено дека ги имаме исполнето сите услови за почеток на преговорите. Тоа е факт признаен и потврден од сите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања