Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Мицкоски: Кога зборува за приходите Тевдовски треба да прави разлика помеѓу приходи од УЈП и приходи на целиот буџет на Република Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski-3

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук направи математика за како што пишува промашувањата и неспособноста на анти бизнис Владата и анти реформски ориентираниот премиер Заев.

Еве што напиша Мицкиски на ФБ:

— реклама —

Очигледно промашувањата и неспособноста на анти бизнис Владата и анти реформски ориентираниот премиер Заев продолжуваат надополнети со вообразениот министер за финансии Тевдовски. Кога зборува за приходите Тевдовски треба да прави разлика помеѓу приходи од УЈП и приходи на целиот буџет на Република Македонија, што се две различни категории. Минатата година велеа и проектираа дека приходите во буџетот ќе растат за 9 проценти. Сега велат дека тие растат за 6.6 проценти што е потфрлање за 2.4 проценти. Или со други зборови ако продолжи овој тренд до крајот на годината потфрлањето ќе биде над 82 милиони евра или над 5 милијарди денари што е огромна сума за било која влада во регионот. Ова ќе биде уште еден доказ за неспособната Влада и нејзиниот антиреформски тим кој има потфрлање во секоја област. Цената на ваквата неспособност ја плаќаат граѓаните. Затоа велиме дека на Македонија и е потребна обнова. Обнова со која ќе ги намалиме даноците и ќе го вратиме рамниот данок, со која ќе ја намалиме покачената акциза за горивата и ќе направиме економска обнова на Македонија. За секој еден човек, за секој еден граѓанин.

— реклама —

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/pcb.1254728064702650/1254728018035988/?type=3&theater

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања