Мицкоски: Кусогледаноста на власта ја спречува Македонија, Естонија ја решава кризата со пари од вториот пензиски столб, мерка за која апелиравме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski

За жал, кусогледоста на економскиот тим на Владата, дополнет со Спасовски и Зоран Заев попречува да се види шансата која стои преку искористување на средствата од пензискиот фонд, а кој за македонската економија ќе значат дополнителни 200 милиони евра, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

— реклама —

Но, тоа не е случај естонскиот премиер и влада, кој ја презема истата мерка којашто и ја предлагав на Владата пред една недела, а тоа е да се искористат парите од вториот пензиски фонд без да се доведат во било каков ризик средствата на осигурениците.

— реклама —

Оваа мерка не беше добра за Заев и Спасовски, но е одлична за естонскиот премиер. Или свесно не сакаат да ги преземат мерките кои се добри затоа што е во прашање суетата, или не се разбираат во економија.

— реклама —

Но, што и да е од двеве причини, едно е јасно дека сето ова се удира врз грбот на македонските граѓани.

Истата мерка според Асошијетед прес ќе ја имплементираат и други европски држави, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања