Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Летово заедно со дел од тимовите од „Ова е Македонија за сите“ ќе посетиме дел од населените места опфатени со акцијата, ќе разработиме стратегија за решавање на проблемите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski-1

Акцијата „Ова е Македонија за сите“ заврши со посетени 709 населени места од страна на 19 тимови на ВМРО-ДПМНЕ во чиј состав имаше 200 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Нотирани се 18.324 проблеми, најголемиот дел од кои директно зависат од централната власт, која 6 години е нема на барањата на народот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Најголемиот дел од руралните места, но и градовите од внатрешноста немаат добра инфраструктурна поврзаност помеѓу себе. Земјоделците немаат откуп за своите производи. Здравството е урнисано. Народот од секој дел од државата бара промени, зошто е повеќе од сигурен дека со СДС и ДУИ може само полошо.

— реклама —

Народот бара решенија, но бара и одговорен пристап. Летово, со дел од тимовите ќе посетам дел од населените места кои веќе еднаш беа посетени во рамки на акцијата. Лично ќе ветам работа, одговорност и посветеност за секое едно населено место во државата и за Македонија.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ќе разработи план и стратегија и идната наша влада ќе почне решавање на проблемите, за да се обезбеди подобра иднина за сите“, додава тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања