Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Мицкоски: Лидија Димова е зрела за кривична одговорност за злоупотребите во Националната агенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Слајдер
Mickoski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на граѓаните на LiveChat во живо на Фејсбук, истакна дека Лидија Димова е зрела за кривична одговорност пред законите за злоупотребите во националната агенција.

- Јас би рекол дека Лидија Димова не е зрела за оставка, туку е зрела за кривична одговорност и пријава поради злоупотреба на службена должност. Ценам дека Лидија Димова со сите оние злоупотреби кои ги направи во агенцијата, не треба да се бара оставка туку веднаш детална истрага од страна на обвинителството за начинот на кои се делеле тие средства и дали ја оправдале целта и намената за која биле трошени, потенцираше Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде по завршување на дебатата поврзана со ребалансот, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи надзорна расправа за работата на Лидија Димова во Националната агенција.

— реклама —

На прашањата во врска со потенцијални коалициски окрупнувања во следниот период, Мицкоски истакна дека она што ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија ќе го прави во следниот период е окрупнување на коалицискиот потенцијал против политичката мафија која владее во Македонија.

— реклама —

Претседателот Мицкоски посочи дека приоритетно треба да биде обединувањето заради спас на Македонија од  деструктивните и криминално, погрешни политики на Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

-Веќе започнавме еден процес на окрупнување до сега структури како дел од политичката партија Интегра преминаа во ВМРО-ДПМНЕ, изминатиот викенд членови на дел од движењето ФРОДЕМ исто така преминаа во ВМРО-ДПМНЕ и во периодот кој што следи ќе има и други структури на политички партии кои ќе преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, и она што е најважно е дека работиме на коалицискиот потенцијаал, обединување и окрупнување и наоѓање на заедничка сврзна точка, тоа е борбата против понатамошното пљачкање на државата и политичката мафија која владее во Македонија, објасни Мицкоски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања