Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Ликот и делот на Свети Кирил и Методиј е и дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
clipboard01-620x350-1

Дозволете ми од мое име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да им го честитам на сите граѓани државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.

— реклама —

На овој ден се потсетуваме на големите на се сесловенските просветители кои на идните генерации им го подарија најголемото богатство, писменоста. Светите браќа овозможија рамноправност на милиони луѓе, а со тоа го трасираа и патот за ширење на христијанството и христијанските вредности. Ликот и делот на Свети Кирил и Методиј е и дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.

— реклама —

Светите Кирил и Методиј имаа визија, знаење и постојаност. Ние денес се соочуваме со тешко секојдневие, предизвици и не помали искушенија. Но сепак ова е реалност која мораме да ја промениме, а тоа ќе биде со визија, знаење и мудрост. Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ја обезбедиме заедничката иднина на сите.

— реклама —

Тие веруваа дека секој народ заслужува свој јазик па така го подарија најголемиот подарок кој човек може да го добие писменоста, знаењето е единственото нешто кој никој не може да го земе или да го оспори.

— реклама —

Нека ни е честит овој голем празник Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј, се вели во Честитка по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања