Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Љубовта и соживотот нека бидат патоказ на ширењето на христијански вредности и светлина за да ги надминеме сите предизвици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski02012023

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати честитка по повод празникот католички Велигден

Честитката Ви ја пренесуваме во целост

Ми претставува особено задоволство, од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија да им го честитам големиот христијански празник – Велигден и да им посакам мигови на радост, спокој и љубов во секој дом.

— реклама —

Љубовта и соживотот нека бидат патоказ на ширењето на христијански вредности и светлина за да ги надминеме сите предизвици.

Нека овој најсветол празник ни биде потсетување како да бидеме исправни пред себе и пред својот БОГ, да бидеме чесни, да се сакаме, да простуваме и да создаваме убави и позитивни дела.

Токму овие вредности ќе ни помогнат во градењето на стабилна и просперитетна држава, и да ги надминеме сите предизвици пред кои изминатиот период сме исправени.

— реклама —

За Македонија која има иднина потребно е сите заедно да се обединиме и да го сочуваме идентитетот и да не потклекнеме на нереалните барања кои што се поставуваат. Свесни за своето, обединети едни со други можеме да се избориме за промени какви се потребни и за иднина каква секој еден човек заслужува. Само така ќе успееме да го сочуваме достоинството на Република Македонија и нас самите.

Само заедно и сложно може да ги победиме сите предизвици.

— реклама —

Нека е за многу години големиот празник!

Христос воскресна!

Навистина воскресна!

— реклама —

Со почит,

Проф. д-р Христијан Мицкоски

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања