Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски менува ставови како ќе му текне, еднаш е за промена на Уставот и внесување на Бугарите, потоа е категорично против, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski17062022

Христијан Мицкоски е лицемерен и недоследен политичар, кој ги менува ставовите како ќе му текне, вели СДСМ

— реклама —

„Еднаш е за промена на Уставот и внесување на Бугарите, потоа е категорично против, па повторно ја врти плочата. Беше и против Договорот за добросоедство со Бугарија, па го поткрепи.

Христијан Мицкоски ги лажеше граѓаните, создаваше тензии, блокади, измислуваше наводна бугаризација, асимилација доколку почнеме преговори со ЕУ.

— реклама —

Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет.

— реклама —

Последна потврда за ова е договорот Фронтекс кој ќе биде потпишан на чист македонски јазик, без фусноти.

Уставните измени треба да се случат за да продолжи напредокот кон ЕУ се до полноправно членство.

— реклама —

Јасно е дека во државата имаме два концепти, едниот предводен од Ковачевски и коалицијата која е за европска Македонија и која заедно со доминантниот дел од граѓаните сака да ја види државата како дел од ЕУ. Вториот концепт е оној на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се противат на членството во ЕУ и работат на штета на државните и националните интереси“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања