Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Мицкоски му се пожали на Мас за високо ниво корупција и криминал во Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
foto-2-1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и секретарот за меѓународна соработка г. Тимчо Муцунски остварија средба со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија г. Хајко Мас.

— реклама —

На средбата беше потенциран интересот за продлабочена соработка, и јакнење на политичката и економска соработка.

— реклама —

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека претстојат промени во државата, пред се поради економските, но и политички потфрлања на Владата кои влијаат врз животот на граѓаните и немањето на концепт и визија на актуелната власт. Мицкоски истакна дека со оваа влада евроагендата завршува во слепа улица, иако интеграцијата во ЕУ преставува врвен стратешки интерес на Република Македонија.

Тој посочи дека на загрижувачки високо ниво се корупцијата и криминалот против кој мора да се реализираат одлични чекори, а наместо тоа имаме гол популизам без резултати.

— реклама —

Мицкоски посочи дека новата влада на ВМРО ДПМНЕ ќе води отворена политика и ќе вложува силен ангажман во подобрувањето на стандардот на граѓаните, а првите разлики ќе се почувствуваат во првите 100 дена по формирањето на владата.

— реклама —

Мицкоски истакна дека во Германија гледа искрен и силен сојузник изразувајќи подготвеност за продлабочена соработка во сферите од заеднички интерес со акцент на придвижувањето на европската агенда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања