Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски на Амбасадорот на Чешка му ја обрзложил политичката тортура која ја применува власта врз опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Mickoski-Ceski-Ambasador

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски остварија средба со Амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан.

На денешната средба се разговараше за повеќе теми како и за актуелните политички случувања во Република Македонија.

— реклама —

Мицкоски го информираше амбасадорот за последните случувања кои се случија изминатите денови. За политичката тортура која ја применува власта врз опозицијата. Претепувањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните.

Животите на луѓето кои се во притвор поради политичките процеси се загрозени, а власта се обидува со манипулации да одбегне одговорност. Нема друга држава во светот каде власта така брутално се пресметува со опозицијата и со граѓаните, истакна Мицкоски. Тој истакна дека потребен е јавен обвинител на предлог на опозицијата кој ќе ги расветли сите коруптивни и криминални активности, и воедно ќе обезбеди спроведување на правдата и правната држава, стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања