Мицкоски: На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski

На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ. Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните, објави на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски во својата објава додава:

Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ.

— реклама —

Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна.

Време е да вратиме за сите криминали, неправди, за сите лаги и измами, тендери и рекети. Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив!

фото: ФБ Христијан Мицкоски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања