Мицкоски: Над 1000 проекти за граѓаните, Македонија мора ја да исправиме и обновиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski-8

Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква каква што сакаме да ја имаме. Следува период на нова надеж, нов исчекор каде ќе покажеме дека не сме сите исти, и дека сме различни од нив. Проектот „Обнова на Македонија“ опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од врвни експерти од земјава и странство, таа е базирана на директни потреби на граѓаните, кои ја синтентизираат нашата визија во работи со конкретни рокови кон кои јас како човек и мојот тим се обврзуваме дека ќе ја исполниме. Го имате мојот збор, а дадениот збор е најважната обврска врз која почива угледот и честа на секој поединец, истакна денеска Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Обновата е нешто кое народот го бара и го чека долго време, а таа подразбира да имате контрола на својот живот, но и контрола врз заедничките судбини. Тоа значи да имате повеќе за да ви биде подобро. Подразбира нова надеж, шанса за сите, подразбира да го сакате своето, да го помните минатото, но и да се борите за иднината. Македонија мора да се промени, а таа промена која сакате да ја видите е токму ОБНОВАТА.

ВМРО-ДПМНЕ и целиот интелектуален и експертски тим седи зад еден голем проект. Проектот како што кажав на почетокот се нарекува Обнова. Обнова со над 1000 проекти за секого. Главниот фокус на „Проектот обнова на Македонија“ се економијата, претприемништвото и поддршка на бизнисот, а целта е едноставна, повеќе пари за секого. Ние мораме преку реиндустријализација и константен економски развој да постигнеме стандарди базирани на вредности. На народот потребни му се пари, наместо демагогија, а на државата работа и резултати, наместо неспособност и порази.

— реклама —

Нам не ни се потребни мали придвижувања, туку големи чекори напред и големи победи. Затоа се обврзуваме на раст на БДП од минимум 4% секоја година, невработеност под 10%, повисоки плати за минимум 25%, ниски даноци, најниски во Европа од 8%, воведување на реиндустријализација која ќе донесе повеќе пари за секого. И верувам и знам дека Македонската економија можеме да ја направиме да биде прва на Балканот.

Обнова која носи убави нешта за работниците, земјоделците, стопанствениците, пензионерите, невработените, младите и старите, мажите и жените, сите оние кои денес заедно со нас на нозе се креваат, се креваат и креваат глава гордо, високо, и се исправаат!

За младите кои ќе се вработат мора да има пониски даноци, тие да студираат на барем еден македонски универзитет кој што ќе биде во првите 1000 на Шангајската листа, студентскиот стандард ќе биде сериозно зголемен, и ќе бидат обезбедени серија на мерки кои значат повеќе можности за секој еден од нив. Мора да си ги вратиме децата во нашата земја. Да ги наполниме испразнетите градови и села. За образовните работници, наставниците и професорите ќе извршиме усогласување на платите со Колективниот договор во образованието, за просветните работници во основното и средното образование личен доход од 36.000 денари месечно, за вработените во високото образование до 100.000 денари месечни примања. Ќе обезбедиме целосно реновирање и реконструкција на студентските домови, ќе одвоиме 4 милиони евра за претприемачка иницијатива на млади и одвојување 1 денар од акцизата на нафтените деривати во малопродажбата. Овие средства ќе се користат за развој на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот познат како спортски денар.

За земјоделците ќе обезбедиме повеќе пари, субвенции во износ минимум 640 милиони евра во еден мандат и сигурен откуп. Нов концепт во земјоделието, едноставни и брзи процедури, 80 милиони евра за нови водоводни мрежи за еден мандат, кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи, повеќе од 50% покривање на трошоците за механизација, добиток и насади, истакна меѓу другото претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања