Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски намерно поднесе неуставна иницијатива за референдум, за спас на својата фотелјата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Мицкоски намерно поднесе иницијатива за референдум која е неуставна, самиот знаејќи дека неговиот референдум е осуден на неуспех поради слабата поддршка од граѓаните, вели СДСМ во реакцијата на прес-конференцијата на Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Колку ВМРО-ДПМНЕ не го познава или се прави дека не го познава Уставот говори и фактот што вечерва пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ цитираше член од Закон кој се однесува на консултативен, а не на задолжителен референдум каков што бараше Мицкоски.

— реклама —

Иницијативата беше уште една измама на Мицкоски за спас на сопствената фотелја во Белиот дворец и бизнис интересите на една екипа во неговото опкружување.

Во време на најголема економска и енергетска криза, во пресрет на тешка и неизвесна зима, Мицкоски беше спремен да потроши осум милиони евра од државниот буџет за спроведување однапред пропаднат референдум кој требаше да биде неговата сламка за спас.

— реклама —

Тоа е неодговорно и недозволиво. Тој негов обид за измама, за трошење милиони евра народни пари за лични хирови пропадна.

— реклама —

Мицкоски е осамен и изолиран во антиевропската, деструктивна агенда што носи штета за граѓаните и државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања