Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски наместо да ја кодоши државата надвор да направи нешто добро, да ја поддржи одлуката за ЕУ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski

Пред нас е период во кој имаме шанса да им обезбедиме европска сегашност и иднина на нашите граѓани, тука во својата татковина, вели СДСМ

— реклама —

„Таа шанса сега треба да ја искористиме, да донесеме одлука за ЕУ, затоа што тоа е одлука за доброто на државата.

— реклама —

Сега на потег се Христијан Мицкоски и ДПМНЕ - наместо да ја кодошат својата земја во Брисел за прв пат да направат државнички потег, да поддржат макар една стратешка одлука, а тоа е членство во ЕУ.

— реклама —

ДПМНЕ немаат поддржано ниту една стратешка одлука за земјата, ниту членството во НАТО, ниту, почетокот на преговорите со ЕУ, од опозициската ДПМНЕ, а кога беше гласањето за Договорот ФРОНТЕКС воопшто не беа ниту во Собранието.

— реклама —

Сега, Мицкоски и ДПМНЕ имаат единствена шанса да се престројат на страната на државните и национални интереси и истата треба да ја искористат, за заеднички да оствариме стратешка определба - полноправно членство во ЕУ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања