Мицкоски: Нашиот став е јасен, попис треба да има пролетта 2022 година, март или април месец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава одговарајќи на новинарско прашање, дали е прифатливо одложување на пописот за 2 месеца како што најави Зоран Заев, рече дека невозможно е 30.000 попишувачи да се обучат во рок од 2 месеца, додавајќи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на пописот е јасен а тоа е дека пописот треба да се одржи пролетта 2022 година.

— реклама —

Па секој ден имаме нови изјави претпоставувам сфатија дека не се подготвени  за до Април да стигнат бидејќи треба да се обучат овие попишувачи, како ќе се обучуваат во овие 2 месеца кога практично е невозможно да се соберат 30.000 попишувачи и да се обучуваат практично и тогаш преку неговиот прокси Стево Пендаровски се обиде во јавноста да побара ете определен простор од месец два и на тој начин практично  ги пушти низ вода сите оние кои што во прв момент го подржаа. Ние велевме дека тоа што го прави е на сила и дека нема никаква врска со статистичка туку со политичка операција.

— реклама —

Нашиот став е јасен попис треба да има пролетта 2022 година март, април месец до тогаш ќе имаме фингер принт терминали кои што веќе ќе бидат искористени на локалните избори. Доколку сега сакаат има можност да направат  електронски попис со точност од 5 % односно 95 % населението да го попишат а само 5 % да го посетат. Доколку некој навистина се грижи за иднината на државата ќе не послуша. Но за жал ние имаме политичари кои што се своеглави и политичари кои што се ги интересира само не здравјето на граѓаните и интересите на граѓаните, дециден е Мицкоски.

— реклама —

фото: prtsc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања