Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски не е никаква жртва, туку е режисер на крваво сценарио, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

Христијан Мицкоски не е никаква жртва, туку е режисер на крваво сценарио, крваво сценарио со неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, кое на крајот не успеа, вели СДСМ

„Мицкоски синоќа не беше мета туку само ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните.

— реклама —

Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која се обидува да прикаже некакви меѓуетнички тензии кои всушност се предизивикани од највиоски претстаници на партиите во опозиција.

Цуфи Кока е личноста која според крвавото сценарио на Мицкоски треба да глуми негов напаѓач и истото лице вчера беше приведено веднаш.

Се работи за човек кој е брат на висок член на коалицискиот партнер на Мицкоски, Алијанса, кој беше назаначен за директор на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје.

— реклама —

Станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијана во Чаир и главен фунцкионер во кампањата на Данела Арсовска.

Тоа се гледа и од фотографиите објавени во прилог. Данела Арсовска е на секоја втора фотографија.

— реклама —

Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и ова крваво сцнарио кое синоќа не успеа.Тие воопшто и немаат друга стратегија освен крериање тензии, конфликт и страв кај граѓаните.

Спремни се да жртвуваат луѓе за своите политички цели, спремни се да ја запалат цела држава. Тоа нема да го дозволиме.

Не се во прашање никакви меѓуетнички тензии туку политичко крваво сценарио кое веќе го имаме гледано.

— реклама —

Граѓаните никако да не подлегнувааат на вакви конструкции, апелираме на смиреност а институциите да си ја завршат работата и сите инволвирани да одговараат пред законот.

Нема да дозволиме дестабилизација и сите нивни деструктивни сценарија повторно ќе бидт поразени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања