Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски не се појави да даде исказ во ПС Центар за настанот во Дебар маало

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski-7

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не дојде да даде исказ во полициската станица во Центар за случајот кога беше затекнат во затворен дел од кафеана на „Боемска улица". Од МВР потврдуваат дека наместо Мицкоски во Полициска станица се појавил неговиот адвокат.

— реклама —

На почетокот на месецот инспекторите го затекнаа Мицкоски како седи во внатрешноста на кафана во Дебар Маало иако тоа беше забрането поради ширење на заразата со Ковид 19.

Додека Мицкоски со пријатели седел внатре, инспектори на Пазарниот инспекторат беа спречени да влезат и да направат увид со образложение дека просториите се заклучени, а клучот е кај газдата на објектот. На нив им беше дозволен увид откако Мицкоски излегол од внатрешноста на угостителскиот објект.

— реклама —

Претходно беше најавено дека против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поднесена прекршочна пријава за овој случај.

— реклама —

фото: Архива

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања