„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мицкоски: Не знам како може да преговара владата за тоа што бил Гоце Делчев, па врз него ние ја изградивме нашата држава, тој не е за преговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија при што посочи дека е недозволиво да се преговара за Гоце Делчев, бидејќи врз него се изгради Република Македонија.

— реклама —

„Јас не можам да разберам да раговараме и да преговараме што бил Гоце Делчев и не можам да го разберам претседателот на нашата држава кој што вели дека Гоце Делчев бил бугарин. Ние државата ја темелиме на тоа име, тоа не е за разговори, тоа не е предмер на преговори. Гоце Делчев е државата Македонија. Тоа е исто како да им кажете на турците што бил Кемал Ататурк. Тоа се работи за кои што не се разговара. Ова држава постои за тоа име, сме го избрале како народ тоа име и сме ја формирале оваа држава“, истакна Мицкоски.

Мицкоски во своето гостување порача дека никој не може да го убеди дека Гоце Делчев бил нешто друго поинакво од Македонец.

— реклама —

„Роден сум така, воспитуван, сум го учел тоа, сум служел војска за оваа држава, луѓе гинеле за оваа држава за тоа име. Тоа име ние  го имаме  во нашата  химна“, додаде Мицкоски.

„Изјавите на Денко Малевски дека Гоце Делчев е Бугарин се пробен балон и обид да се увиди како македонската јавност би реагирала доколку Владата на Заев прифати вакво нешто во преговорите со Бугарија“, истакна Мицкоски.

„Tоа е јасно како ден, зошто ако не беше така ќе се откажеа како што се откажуваат од еден нивен градоначалник овие денови. Ветив дека нема да го споменувам ама морам да го споменам. Како се оградуваат од него, така можеа од Денко да се оградат. Да речат, извинете ама ние се оградуваме од ова што го говори овој човек. Ама гледате дека не се оградија, значи они оставаат простор за преговори. Не можеме да зборуваме за прифаќање на такви работи. Ние сме се обединиле околу Гоце Делчев и тоа не доаѓа во предвид. Ова нема врска со прагмата и нема никаква врска со понатамошното интегрирање на нашата држав во ЕУ. Нема никаква. Затоа нас ни се потребни зрели луѓе и политичари кои што знаат ова како да го исправат“, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Република Македонија има многу јунаци и тука е и Гоце Делчев со кој сме ја воделе и создавале оваа држава.

„Гоце Делчев секогаш бил нишката околу која македонскиот народ и граѓаните на оваа држава без разлика дали биле Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи се собирале и ја граделе оваа држава“, посочи Мицкоски.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања