„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицкоски: Нека ваквите големи празници бидат мотив да се присетиме на клучните пораки кои ги шири Христијанството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од христијанска вероисповед да им го честитам денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, со искрени желби за многу здравје, среќа и личен успех.

— реклама —

Нека денешниот празник внесе спокој во Вашите домови. Нека ваквите големи празници бидат мотив да се присетиме на клучните пораки кои ги шири Христијанството, а тоа е мирот и заедништвото, праведноста и добрината. Во овие несигурни и тешки времиња за нашата земја, да бидеме истрајни во нашата заложба за градење на заедничка иднина. Да се спротивставиме на неправдите, да се избориме за подобар живот. Да бидеме истрајни против корупцијата и криминалот кои го разјадуваат секое здраво ткиво од нашето општество, и не влечат надоле. Со заедништво да одговориме на поделбите, на нападите да одговориме со смиреност, и верба.  Мракобесието надвиснато над нашата земја да го победиме со одлучност и желба за обнова. Да се помолиме  за светол пат и чиста мисла.

Да живееме сакајќи ги нашите ближни. Пресвета Богородица е длабоко вкоренета во верувањата и традициите на нашиот народ, и овој празник има особена почит кај  народот и е дел од големата народна меморија. Нека е честит празникот и за многу години.

— реклама —

Бидете живи и здрави, се вели во честитката од претседателот на ВМРО ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања