Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски нема доблест ниту да честита за Фронтекс, за македонски јазик во ЕУ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski06052022

Сите лаги и манипулации на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, сите хистерии за наводна асимилација и бугаризација им потонаа, вели СДСМ

„Лажеа дека со прифаќањето на францускиот предлог македонскиот јазик ќе биде дијалект, со фусноти, дека нема да биде признаен во ЕУ.

— реклама —

Организираа насилни протести, во Собранието свиреа со вувузели, ги навредуваа пратениците, ги клеветеа, ги прогласуваа за предавници и на крајот, не гласаа, туку избегаа од собраниската сала.

— реклама —

Вистината ги демантираше сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Договорот со Фронтекс е потпишан на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки. Македонскиот јазик е признаен и потврден во ЕУ, на исто рамниште со сите со сите јазици во Унијата.

— реклама —

Мицкоски нема доблест да излезе пред граѓаните и да честита за успехот на државата, никаде го нема, а тој и ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извинат на граѓаните за сите лаги и манипулации, за сите хистерии што ги ширеа, за сиот страв што го ширеа.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ бега и се крие од одговорноста за сите важни, стратешки прашања за државата и граѓаните.

СДСМ е државничка и државотворна партија која работи за подобра иднина, за европска иднина на државата и на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања