Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски нема компас, стана заложник на Апасиев и анти-ЕУ политичар, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Untitled-1

Христијан Мицкоски нема компас, само декларативно се залага за европската иднина на државата, а од друга страна го кочи и попречува европскиот пат, вели СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржа ниту една одлука за зачленување на државата во ЕУ.

— реклама —

Три години, Мицкоски зборува единствено за ново парламентарно мнозинство и предвремени избори, не го интересираат стратешките интереси на држава, ниту интересите на граѓаните.

— реклама —

Целото негово делување е да предизвика криза и да издејствува избори, правеше насилни протести, го блокира собранието, го лажеше народот и своето членство дека има ново мнозинство и дека оваа пролет ќе го распушти парламентот.

Се што кажа излажа. Наместо предвремени избори има ново и зголемено мнозинство на СДСМ и коалицијата во Собранието.

— реклама —

Без идеја, предлог и решение, Мицкоски стана анти ЕУ-политичар, заложник на Левица и Димитар Апасиев, со кого се натпреваруваат во блокади и кочење на државата.

— реклама —

Со СДСМ, државата стана фактор на стабилност во регионот, членка на НАТО, претседавач со ОБСЕ, со започнати преговори за членство во ЕУ.

СДСМ нема да се откаже од европската иднина, силно и одлучно продолжува по европскиот пат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања