Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски нема направено ништо ниту за земјата ниту за македонскиот идентитет, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski-1

Освен хистерија, лажни вести и блокади, Христијан Мицкоски и ДПМНЕ немаат ништо, буквално ништо направено ниту за државата, ниту за македонскиот идентитет, вели СДСМ

— реклама —

„Цела година ДПМНЕ заедно Левица ги лажеше и плашеше граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, за на крај истиот тој Мицкоски да прифати промена на Уставот.

Дури и кога германскиот Бундестаг донесе Резолуција за поддршка на европскиот пат на државата и дополнителна потврда за македонскиот јазик идентитет и посебност, Мицкоски и ДПМНЕ не успеаја да лобираат нивни сестрински партии да гласаат За резолуцијата.

— реклама —

Мицкоски и ДПМНЕ не можат да издејствуваат ништо позитивно, ниту за државата, за граѓаните, ниту за македонскиот народ.

— реклама —

Но и покрај тоа, Мицкоски сега има ретка шанса да направи нешто добро и корисно за државата и за сите граѓани.

Откако прифати уставни измени Мицкоски треба да одреди тим за да продолжат разговорите и заедно да ја донесеме одлуката за продолжување на европскиот пат.

— реклама —

Мицкоски има избор, дали ќе одбере да не прави ништо како и досега или сепак ќе направи државнички чекор“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања