Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Мицкоски немал ништо против Русковска се додека не видел дека работи според прописи, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ruskoska

Од СДСМ обвинуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, а Христијан Мицкоски и раководството на опозициската партија по секоја цена се обидуваат да ја попречат правдата.

— реклама —

— реклама —

„Единствената цел на Мицкоски е да го брани криминалот на неговиот ментор и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски. Со неприфаќањето на предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води Јавното обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ само бараат алиби за неприфаќање на Предлог законот за Јавно обвинителство. Јасно е, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против владеење на правото, против правда и независен и неселективен судски систем. Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи, предлагаа спојување на СЈО во ОЈО“, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

„Во ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство  немаше барање за прекин на мандатот на обвинителката Рускоска. ВМРО-ДПМНЕ немаа ништо против Рускоска, но откако увидоа дека институциите работат неселективно и по сите прописи, наеднаш тоа почна да им пречи. Мицкоски не сака да продолжи правдата, му смета гонење на криминалот и затоа побегна од лидерска средба но од правдата нема да избега. Секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата и ќе одговара колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски“, се додава во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања