Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Мицкоски: Никогаш нема да кажам дека творците на нашето ослободително дело Даме Груев и Гоце Делчев се нешто друго освен Македонци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski

Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце изјави дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ како и неговиот личен став како претседател на партијата за договорот за добрососедство со Бугарија останува ист и непроменет, односно како што рече тој се што е добро за Македонија и за македонските граѓани тој ќе поддржи, нагласувајќи дека никој не може да го убеди дека Гоце Делчев не е Македонец.

— реклама —

Мојот став поврзан со договорот за добрососедство и тогаш и сега и во иднина ќе биде, се што е добар за мојот народ и мојата држава ние ќе поддржиме. Но, не е добро некој мене да ме уценува, условува, да ме притиска и да ми кажува дека Гоце Македонецот Делчев не бил Македонец. Не може мене да ме убеди некој дека Гоце Македонецот не е Македонец, не може мене да ме убеди некој дека македонскиот јазик не е посебен јазик и дека не е кодифициран и меѓународно признат и се изучува над преку 100 на Универзитети во светот, тоа никој не може да ме убеди, порача Мицкоски.

— реклама —

Македонецот Гоце Делчев се борел за македонска држава, за македонска независна држава. Ние говориме македонски јазик кој што е засебен и меѓународно признаат. Кој е тој политичар кој што ќе каже дека Даме Груев е човекот кој што ја формирал организацијата крајот на 19 век. Човекот кој што е творец на македонската борба за сопствена држава на пркосот и непокорот, и да кажеме дека не бил Македонец, кој е тој што ќе го каже тоа? – праша Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања