Мицкоски објави колкава цена за струја плаќаат компаниите во регионот: Невистина е дека владата им помага на повеќе од 72.000 компании

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski-123r75

Македонското стопанство во првото полугодие од 2022 година плаќа осма најскапа струја (слика 1) во Европа според EUROSTAT и Државниот завод за статистика. Невистина е дека владата се грижи за стопанството, вели Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Невистина е дека владата им помага на повеќе од 72.000 компании.

— реклама —

Според Македонскиот завод за статистика, компаниите кои годишно трошат помеѓу 500 и 2.000MWh струја, а тоа се најголемиот дел од оние 72.000 компании за кои владата тврди дека им помага, плаќаат осма најскапа струја во Европа. Имено, според извештајот на Македонскиот завод за статистика тие компании плаќаат 10,391 ден/kwh (слика 2) или тоа е еднакво на 168,64€/MWh.

— реклама —

Според EUROSTAT во второто полугодие од 2022 година, компаниите во регионот плаќаат многу поефтина струја (слика 3 и 4) од македонските компании:

Србија 89,3 €/MWh

БиХ 71,4 €/MWh

Турција 117,1 €/MWh

Косово 65,9 €/MWh

Хрватска 141 €/MWh

Словенија 143,5 €/MWh

Малку споредба, бидејќи владата на СДСМ сака да се споредува со периодот кога јас бев советник на Претседателот на владата (од април 2015 до јуни/јули 2017 година) и генерален директор на ЕЛЕМ (од септември 2016 до август 2017година) тогаш да ја направиме таа споредба. Имено во првото полугодие од 2017 година македонските компании плаќале четврта најефтина струја во Европа (слика 5) по цена од 69,5 €/MWh, а во првото полугодие од 2022 година осма најскапа струја во Европа по цена од 168,64 €/MWh. За пет години цената на струјата за Македонските компании владата на СДСМ ја зголеми за речиси 2,5 пати.

Економско и енергетско фијаско на владата на СДСМ. Не е време за политика, потребно е знаење, храброст и многу чесна работа. На граѓаните и компаниите им е потребна помош. Секоја затворена компанија подразбира изгубени работни места и семејства во неизвесност. Не е само до кризата, до знаењето е…“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања