Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски: Обвинителството молчи за крупни случаи кои се поврзуваат со криминал, додека власта пробува да турка закон пред изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ФБ:

— реклама —

-Обвинителството молчи за крупни случаи кои се поврзуваат со криминал, додека власта пробува да турка закон пред изборите, чиј вистински интерес е да се заштити по изборите од одговорност.

И одново власта ја турка земјава во слепа улица, со цел да не дозволи решение кои ќе донесе независно обвинителство кое не само што нема да молчи туку ќе биде главната острица во борбата против криминалот.

— реклама —

И сиот лажен наратив на власта за мотивите на опозицијата пропадна бидејќи дека на маса имаме лошо законско решение го потврдија и самите експерти и професори на правниот факултет. Борбата против криминалот не смее да дозволиме да биде заглавена помеѓу суетите на пар министри и стравот на поранешниот премиер Заев дека ќе мора да се соочи со одговорност. Потребно е квалитетно законско решение а не онакво какво што власта турка на мала врата на само недела ипол пред распуштање на Парламентот. Затоа за ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се робува на суетата на одредени министри и стравот на Заев од одговорност, е прифатливо законско решение кое ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство. Да дадеме шанса на професионализмот , знаењето и искуството на експертите и професорите, што ќе биде база за понатамошно усогласување. Да не креираме законско решение за заштита на партиските интереси на поединци, туку решение предложено од експерти кое ќе биде прифатливо за Собранието, напиша претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицскоски на ФБ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања