Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски: Одбравме луѓе за кои Централниот комитет мисли дека ќе ја донесат победата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкски на прес-конференција ги презентираше листите за пратеници во сите шест изборни единици.

— реклама —

Во првата изборна единица, носител ќе биде Гордана Силјановска-Давкова, а дел од кандидатите за пратеници се Тимчо Муцунски, Синиша Стојановски, Бети Стамнековска-Трајковска, две места се резервирани за коалицијата, а на листата е и Сафет Бишевац. Мицкоски кажа дека листите се правени врз основа на внатрепартиски анкети, а одбрани се луѓе за кои Централниот комитет на партијата сметал дека ќе ја донесат победата на следните предвремени парламентарни избори.

Во втората изборна единица, носител ќе е Владо Мисајловски кој е ексминистер за транспорт и врски, а втора на листата е разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, По неа се Бране Петрушевски, место за коалицијата, Бојан Стојановски и други.

— реклама —

Во третата изборна единица, носител на листата е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. По него, кандидати се Игор Јорданов, Благица Ласоска, Иванка Василевска, оставено е едно место за коалицијата, Игор Здравковски, Миле Левков, Никола Мицевски, Даниела Христовска, Марија Петрушевска, Драган Ковачевски, Јохан Трчуловски, Андреј Андоновски, Маријан Миленковски, Верче Мицевска, Христина Смилевска и други.

ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изброна единица ќе оди со Александар Николовски кој е носител, а по него се и Ане Лашкоска која и досега беше пратеничка, Ели Панова, Зоран Јованчев, Петар Ристевски, Здравко Трајанов, Ангелина Петкова, Златко Пенков, Јадранка Поцкова, две места за коалицијата и други лица.

Носител во петтата изборна единица на листата од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Игор Дурловски, а по него, за пратеничко место ќе се борат Антонијо Милошоски, Силвана Ангеловска, Кирил Пецаков, Јован Јаулески, Олга Лазаноска, Ѓоргија Сајковски, Лидија Петковска, Мирче Аџиовски и други.

Во шетата изборна единица, носител ќе е Дафина Стојановска, а по неа за пратеничко место ќе се борат Александар Велјановски, Стојан Тодоровски и други.

„Нашата победа е за обнова која ќе донесе повеќе за секого. Повеќе пари, работа, здравје,среќа, ред, правда, сигурност, повеќе насмевки и верба дека ќе успееме. Врз основа на внатрепартиските анкети, одбравме луѓе за кои Централниот комитет мисли дека ќе ја донесат победата на следните предвремени парламентарни избори. На сите пратеници кои се жртвуваа себеси во претходниве три години, јас им се заблагодарив. Повеќе од 95 посто од луѓето за првпат се јавуваат на листите за пратеници“, рече Мицкоски по презентирањето на листите.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања