Мицкоски одново најави правда за секого

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ScreenCapture_2020-7-3-23.05.23.00_00_37_08.Still001

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за премиер, во вечерашната емисија „360степени“ на телевизија Алсат, посочи дека секој треба да се соочи со правдата.

— реклама —

-Секој треба да се соочи со правдата, без оглед дали тоа бил Никола Груевски, Христијан Мицкоски, Зоран Заев или било кој друг, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во случајот Рекет имаше исказ дека парите завршиле некаде, а ништо не се случило и никој не ги повика тие луѓе, а на снимките имаше брат на судијка којашто го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, Русковска вели дека снимката била дел од постапката, а никој не го викнал тој човек да даде исказ.

— реклама —

-Ние мораме да наметнеме институт на одговорност, имаме првостепена пресуда за случајот Рекет, знаете за заканите по живот коишто ги доби еден од осудените во овој случај, знаете за еден друг случај каде што со исказ за исто така осудено лице се користеше судството во доказна постапка и осуди едно чудо луѓе во затвор на 13, 15, 17 години, вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања