Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Slika-1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски заедно со секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски денеска (08.02.2023) остварија средба со амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан, кој ја завршува својата мисија во Македонија.

— реклама —

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во Македонија, како и македонските евроинтеграции и постојаните условувања за Македонија.

— реклама —

Мицкоски потенцираше дека фрустрациите и разочарувањето кај македонските граѓани е огромно. Од една страна, тоа е затоа што владата не испорачува решенија за проблемите на граѓаните, дополнително го проблематизира македонското пристапување кон ЕУ со национални омаловажувања, како и заради драматичното ниво на корупција.

— реклама —

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ исто така истакна дека по многу национални откажувања, на Македонија треба да и се даде шанса да стане дел од Европската унија, без непримерни барања и без национални уцени.

— реклама —

На средбата, Мицкоски му се заблагодари на амбасадорот за одличните билатерални односи и поддршката која Словенија ја дава на Македонија во многу области.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања