Промени тема
Контакт

Мицкоски оствари средба со францускиот амбасадор, Тимоние

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickoski1-02

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.

Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформски процеси кои се од голема важност за државата.

— реклама —

— реклама —

-Мицкоски на средбата информираше за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите. Претседателот посочи дека таквото однесување на власта е далеку од европските вредности кон кои се стреми државата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за се полошата економска ситуација во која се наоѓа земјава. Заради неспособноста на власта да обезбеди економски раст и катастрофалната реализација на капитални инвестиции граѓаните живеат се полошо, се вели во соопштението од партијата по средбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања