Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Мицкоски оствари телефонски разговор со Мета, му изрази најдлабоко сочувство за загубените човечки животи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
71601601_1413243575496025_2274765991659438080_n-1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари телефонски разговор со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

— реклама —

Мицкоски изрази најдлабоко сочувство за загубените човечки животи по големиот земјотрес кој го погоди градот Драч.

— реклама —

Тој посочи дека овие тешки мигови кај човекот ги истакнуваат најсветлите човекови карактеристики како солидарноста, помагањето и хуманоста и токму поради тоа во овие моменти е потребна обединетост со една цел, помош на семејствата на настраданите и повредените.

— реклама —

Ваквите трагедии покажуваат дека е потребно надминување на разликите и дека е важно меѓусебното почитување, додаде Мицкоски.

— реклама —

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека вакви природни катастрофи не се непознати за македонскиот народ и Македонија, па поради тоа ВМРО-ДПМНЕ како партија е подготвено да помогне на секаков начин, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања