Мицкоски откри зошто се реши за коалиција со Села и Гаши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-intervju30092021

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Ал Џезира вели дека обединувањето со коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива со ВМРО-ДПМНЕ е се со цел да се изгради заедничка држава во која сите граѓани ќе бидат задоволни, бидејќи како што рече тој доста им е на луѓето од создавање на поделби и вештачки конфликти.

— реклама —

Овие предизвици кои се случија со Ковид пандемијата сите не натераа да размислуваме малку од тоа што било во минатото за разлика од партиската и политичката елита која во овој момент ја води Македонија која се уште е заглавена во криминалот и никако да излезе од тој криминал. Но, генерално човештвото па и тука во Македонија работите се менуваат и начинот на живот и начинот на размислување и ценам дека на луѓето им е преку глава од создавање на артифицијални вештачки конфликт, едноставно сакаат да видат иднина и да видат надеж, потенцираше Мицкоски.

Токму тоа беше мотивот и причината да ние како најголема политичка сила во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ седнеме заедно со Коалицијата Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села и Алтернатива предводена од Африм Гаши да разговараме за иднината, да разговараме за тоа како да изградиме заеднички држава која што сите ние ќе ја сакаме и почитуваме без разлика на нашиот етникум или нашата конфесија, бидејќи на крајот од денот ние сите сме се родиле во нашата Македонија, тука сме тагувале, тука сме се радувале. Така што тоа беше единствениот мотив и цел да се обединиме во една ваква коалиција за иднината, коалиција против корупција, рече претседателот Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања