Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Овој голем ден нека биде пример дека светлината е можна и кога црнилата се најприсутни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickoski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка по повод христијанскиот празник Велигден, посакувајќи многу здравје, благодет, среќа и љубов.

„Дозволете ми во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници да им го честитам празникот Воскресение Христово, Велигден. На најголемиот христијански празник посакувам многу здравје, благодет, среќа и љубов.

— реклама —

Овој голем ден, кога доброто го победи злото, кога љубовта ја победи омразата, а животот смртта нека биде пример за тоа дека правдата и правдината секогаш победува, дека можна е светлина дури и тогаш кога црнилата се најприсутни. Овој празник е пример за тоа како единствено со чесност и достоинство, пожртвуваност, љубов и взаемно почитување можеме да создадеме подобро утре за нашите деца и идните поколенија.

— реклама —

Потребно ни е обединување во моментите кога граѓаните живеат во неизвесност, несигурност и поделби, потребна е надеж во овие тешки моменти на разочараност, апатија и неизвесност. А тоа можеме да го постигнеме доколку бидеме гласни и се бориме за нашите ставови и заедничка иднина.

Овој празник испраќа пораки на сплотеност, пожртвуваност, добрина и праведност. Христос Спасителот пострада за нашето спасение, и овој ден и сите останати да ги минуваме со добра мисла, заедништво и подадена рака.

— реклама —

Ви посакувам прекрасни празнични денови, проследени со многу љубов и хармонија во вашите семејства, добро здравје и мир во вашите домови, на вам и на вашите ближни. Нека е за многу години Велигден.

— реклама —

Христос Воскресна!

Навистина Воскресна!“, наведе Мицкоски во честитката..

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања