Мицкоски: Петта година се власт, потрошија 16 милијарди евра и секое семејство го задолжија за 4.500 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
103C3218-2A5E-45F2-99A4-139B5DCA5ECB

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг од Куманово истакна дека кога СДСМ и Заев зборуваат дека се најдоброто, тоа всушност значи дека се најлошото за Македонија затоа што петта година се на власт и потрошија 16 милијарди евра, и ништо не направија, но затоа секое семејство го задолжија за 4.500 евра.

— реклама —

- Ништо не направија за народот, а направија многу за себе. Испокрадоа тоа што можеше да се испокраде, распродадоа тоа што остана за распродавање. Владата на СДСМ, од 1 јуни 2017 година заклучно со 30 септември 2021 година, точно 52 месеци потроши народни пари 16 милијарди евра, тоа се пари на народот, тоа се пари на граѓаните тешко спечалени пари. Но што направија со тие 16 милијарди. Дали некој се сеќава дека ветија нови 500 километри автопат, а не можат после 52 месеци да го завршат ни тој кој претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го започна, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој истакна дека никаде ги нема ни ветените 600 километри нови регионални патишта и тоа може да го видат граѓаните насекаде низ Македонија.

— реклама —

- Поминете од тука кон Крива Паланка, од Росоман кон Прилеп, поминете од Штип кон Кочани или Радовиш да видите после 52 месеци во каква состојба се патиштата, 600 метри не успеаја да направат, а камо ли километри, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека никаде ги нема ни ветените инвестиции од Гугл, Фејсбук ИКЕА, а го нема ни растот од 5 до 7% на економијата, а после 52 месеци накалемија долгови на грбот на народот од повеќе од 2 милијарди евра или секое семејство во Македонија го задолжија за 4.500 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања